– ММС
Вести Свет

Индиец отишол во телевизија да признае убиство во програма во живо

Индиец бил уапсен откако отишол во телевизиско студио и барал да биде уклучен во програма во живо, за да како што рекол тој, да признае нешто.

Човекот влегол во студиото на „Њуз18“ во Чандигарх и му рекол на камерманот дека сака да зборува за нешто важно.

Вработените го седнале во студиото и го спремиле за снимање.

Инцидентот, кои некои го поврзуваат со клучната сцена од филмот Џокер, покрена повеќе етички прашања во индиските медиуми.

Човекот му кажал на презентерот на програмата дека ја убил својата девојка бидејќи нејзините родители го прекинале преговарањето за нивниот брак.

Тој додал дека дошол да признае бидејќи полицијата ја малтретирала неговата фамилија откако телото на девојката било пронајдено во хотелот во кој тие двајца престојувале.
Оттогаш бил во бегство.

„Тој бараше публицитет и жалење, исто така се надеваше дека некој адвокат ќе го гледа и ќе дојде да го брани бидеќи немаше пари да си дозволи адвокат“, изјавиле лица од полицијата.

Семејствата на двајцата млади имале приговори за нивниот брак бидејќи фамилиите им биле од различен социјален статус.

Полицијата исто така изјави дека човекот бил осомничен за убиство во соседната држава, за убиство на неговата поранешна девојка.

Лограње

X

Регистрација