– ММС
Вести Свет

Три ирански водителки си дадоа отказ по уривањето на украинскиот авион

Водителката на иранската државна телевизија, Гелари Џабари, си даде отказ по вестите дека за уривањето на украинскиот авион се криви иранските проектили.
По неа, уште две водителки го направија истиот чекор.

Џабари се извини во пост на инстаграм, во кој напиша:
„Ми беше многу тешко да поверувам дека наши граѓани се убиени. Извинете што многу доцна дознав за ова. Извинете што 13 години ве лажев“.

Захра Хатами ја напушти телевизијата „ИРИБ“ со зборовите: „Фала ви што ме прифативте како водителка до денес. Никогаш повеќе нема да се вратам на телевизија. Простете ми“.

Нивната колешка, Саба Рад, напиша дека не може да продолжи да работи во медиумите, иако целата кариера ја поминала работејќи во радио и телевизија.

Овие изјави на новинарите дојдоа по почетните обиди на државата да ја сокрие и негира одговорноста за уривање на украинскиот авион.

Лограње

X

Регистрација