ММС

Авион исфрли керозин врз деца во училиштен двор во близина на Лос Анѓелес

Патнички авион на американската авиокомпанија „Делта ерлајнс“ вчера исфрлил авионско гориво врз училиште во градчето Кудахи во близина на Лос Анѓелес. Исфрлањето керозин било поради принудно слетување на авион „боинг 777“ на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес.

Керозинот паднал врз главите на децата кои играле во училишниот двор вчера. Повеќе од 40 биле повредени во инцидентот од кои седумнаесет имале мали повреди, но ниту едно не е хоспитализирано.