ММС

Во Скопје вчера 11 сообраќајки, еден загинат

лице, сопатник во возило, загинало во сообраќајна несреќа, две лица, сопатник во возило и велосипедист, се здобиле со тешки телесни повреди во вкупно 11 сообраќајни несреќи што во текот на изминатиот ден се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

Во останатите сообраќајки лицата се полесно повредени и/или е причинета материјална штета.

Двајца возачи се исклучени од сообраќај – еден поради управување возило под дејство на алкохол, а другиот зашто немал возачка дозвола. Исклучени се и две нерегистрирани возила.

Според извештајот на Одделението за превенција на СВР Скопје, поради непрописно паркирање, со „пајак” биле подигнати 56 возила.