ММС

Продолжува 130-та собраниска седница

 

Собранието денеска ќе ја продолжи 130-та седница.

Меѓу точките на дневен ред се дополнетиот предлог на закон за правата на заедниците кои се помалку од 20 проценти од населението во Република Северна Македонија, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија, по скратена постапка, Предлог на закон за стратешки инвестиции во Република Северна Македонија, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за евиденциите од областа на трудот, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа, по скратена постапка, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за забрана и спречување за вршење на нерегистрирана дејност, по скратена постапка.

На вчерашната седница беа донесени Законот за младинско учество и младински политики и Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

МИА