– ММС
Вести Македонија Спорт

На ЕП во ракомет продолжуваат најдобрите 12 репрезентации, Македонија се враќа дома… заслужено

На Европското првенство во ракомет синоќа се комплетираа двете групи од по шест репрезентации кои ќе го продолжат натпреварувањето. Другите 12 селекции, меѓу кои и Македонија, се враќаат дома. Ние синоќа загубвме од Австрија со 32-28, а Чешка со четири гола разлика ја победи Украина, па таа е втората репрезентација, покрај Австрија, од нашата група што ги продолжува натпреварите. Ако некако успеевме да влеземе во главната фаза, ќе игравме во групата во Виена. Во неа сега се Хрватска, Шпанија и Австрија што од првата групна фаза пренесуваат по два бода и Белорусија, Чешка и Германија, кои старуваат од нула. Две од овие шест селекции ќе играат во полуфиналето во Стокхолм, а останатите ќе се борат за место во олимписките квалификации.

Македонија со една победа и два пораза, од кои синоќешниот беше убедлив, ги заврши натпреварите. На ова ЕП не прикажавме речиси ништо, иако не бевме во многу силна група. Но, тоа е реалноста. И со „спортот број еден во Македонија“ можностие ни’ се толкави. Но, не е се’ до спортистите…

Лограње

X

Регистрација