– ММС
Вести избор на уредник Македонија Ракомет Спорт

Лазаров до навивачите: Извинете, заслужуваме секаква критика

„Одигравме под нивото. Направивме многу грешки и промашивме многу изградени шутеви. Австријците нè изненадија со одбраната 5-1, со полуфластер на мене. Разочарани сме, заслужуваме секаква критика. Ова е еден удар за нас“, изјави капитенот Кире Лазаров по поразот од Австрија за крај на Европското првенство.

Капитенот повтори дека е убеден оти Македонија може против Австрија, но и против останатите противници што го имаше во групата. Жали што се заврши како што се заврши, но одби да анализира со „жешка“ глава.

Лазаров се заблагодари до навивачите кои во голем број беа на трибините во „Винер Штадхале“ против Австрија, Чешка и Украина, па дури, како што рече, „ја уживале истата поддршка како на ЕП 2012 во Белград и во Ниш, иако Виена е подалечна дестинација, и упати извинување што не репрезентацијата одигра под нивото.

Лазаров го заврши Европското првенство со вкупно 22 гола. Најефикасен беше против Чешка, во меч во кој реализира 11 пати, против Украина даде осум гола, а попладнево три.

новатв.мк

 

Лограње

X

Регистрација