– ММС
Вести Македонија

Здружението на лица со посебни потреби „Заедно можеме” бара уставни и законски измени

Здружението на лица со посебни потреби „Заедно можеме” бара уставни и законски измени во делови кои се однесуваат на нивните права со цел да им се олесни, секојдневието и да им се помогне.


Внесување на лицата со попречености во Уставот, формирање посебен Народен правобранител за заштита на правата на оваа категорија граѓани, законски измени во делот на статистиката, ослободување од одредени плаќања, се само дел од барањата коишто Здружението на лица со посебни потреби од Гостивар „Заедно можеме”, ги изнесе пред претставниците на политичките партии и побара да ги вметнат во своите предизборни програми.

Од Здружението бараат и отворање на Центар за рехабилитација во Гостивар.  

На поширокото гостиварско подрачје, кое ги опфаќа општините Гостивар, има над 270 деца со посебни потреби.

Зоран Димовски

Лограње

X

Регистрација