Партијата Беса на прес конференција реагираа на одолговлекувањето на постапката за пуштањето во употреба на шестоседот на Попова Шапка - ММС
ММС

Партијата Беса на прес конференција реагираа на одолговлекувањето на постапката за пуштањето во употреба на шестоседот на Попова Шапка

Партијата Беса на прес конференција реагираа на одолговлекувањето на постапката за пуштањето во употреба на шестоседот на Попова Шапка.

Единствената инвестиција на Попова Шапка и оваа скијачка сезона нема да се пушти во употреба, реагираат од партијата БЕСА.

Очигледно шестоседот владата ќе го пушти во употреба за време на избори само за да се пофалат дека нешто сработиле, иако овој проект е клучен за развој на зимската сезона и треба да биде во функција во овој период од годината.

Изградбата на шестоседот на Попова Шапка се одолговлекува веќе неколку години. Тој е една од ретките инвестиции на туристичкиот центар.

Зоран Димовски