– ММС
Забава

Стресна работа и многу рокови за вршење на работата? Еве како тоа влијае на вас!

Ако извршувате работа која подразбира дека секогаш пред себе имате некои рокови, внимавајте на ова…

Роковите и стресот на работа ги поттикнуваат луѓето да јадат слатки и закуски, велат научниците.

Тие утврдиле дека учесниците во студијата имале многу повеќе желба за висококалорична храна кога биле под притисок додека часовникот одбројувал 60 секунди.

Со оглед на темпото на живот денес, психолозите кои ја спровеле студијата велат дека кога луѓето се свесни дека времето истекнува, се чувствуваат ужасно исцрпени, поради што се свртуваат кон храна за да го надоместат тоа.

Студијата е спроведена на Институтот за менаџмент во Индија, а учесниците во студијата требало во пишан текст да ја прецртаат секоја буква. За тоа имале минута време, а на едните часовник одбројувал од еден до 60, додека на другите времето е сметано наназад.

Потоа се прашани каква е шансата сега да јадат чоколадна торта или овошна салата. Се покажало дека учесниците во групата кои го сметале времето наназад на скала од еден до десет, желбата за чоколадна торта ја оцениле со осум.

Учесниците во втората група ја оцениле желбата за торта со седмица и биле повеќе склони дека сакаат овошна салата.

Спроведен е уште еден експеримент, каде што учесниците ја извршувале задачата која од нив е побарана, а во некои случаи времето е измерено однапред, а на другите наназад. По завршувањето на задачата, можеле да земат онолку слатки колку што сакаат, па повторно се покажало дека повеќе земале оние на кои времето за извршување на задачата течело наназад.

Д-р Анкар Капур кој ја спровел студијата вели дека е јасно дека роковите и стресот од роковите влијаат врз луѓето така што внесуваат повеќе калории.

Извор: denar.mk

Лограње

X

Регистрација