– ММС
Вести Свет

Кинезинка пет години јадела само ориз, за да може да го плаќа лекувањето на брат и

Сериозно неухрантата студентка која со години преживувала со помалку од пола евро на ден, за да го поддржи медицинското лекување на својот брат, почина, известија кинески медиуми.

Ву Хуауан ја шокираше кинеската јавност откако нејзините слики на кои таа тежи околу 20 килограми, се појавија во јавноста.

Таа била примена во болница со проблеми со дишењето во Октомври 2019 година.
Иако мноштво донации беа упатени кон неа, нејзиниот брат извести дека таа починала во понеделникот.

Братот, кој не е именуван, изјавил дека неговата сестра имала само 24 години кога починала.
Докторите минатата година кажаа дека студенткакта патела од срцеви проблеми и проблеми со бубрезите, како резултат на петте години поминати со јадење минимални количини на храна.

Хуауан и нејзиниот брат биле во тешка состојба многу години, откако нивните родители починале кога тие биле се’ уште мали.

Неа и нејзниот брат ги гледал нивниот дедо а подоцна и нивната тетка која имала мала плата и не можела добро да се грижи за нив, особено за медицинските трошоци на нејзиниот брат, на кој се трошеле најголем дел од парите.

Хуауан поминала пет години секојдневно јадејќи само ориз.

Кога пристигнала во болница била висока само 135 сантиметри.
Докторите кажале дека била толку сериозно неухранета што половина од нејзината коса и веѓи биле отпаднати.

Случајот ја потресе кинеската јавност и предизвика лутина и обвинувања кон властите за ситуацијата во која се најдоа братот и сестрата.

Лограње

X

Регистрација