– ММС
Вести Македонија

Над 60 планинари стекнаа вештини и знаења да планинарат во зимски услови

Над 60 планинари стекнаа вештини и знаења да планинарат во зимски услови. Обуката се одржа на турустичкиот центар Попова Шапка.

Зимски школи за обука се одржуваат по шести пак на скијачкиот центар Попова Шапка. Планинарите се запознаа со начинот на работа со цепин дерези, снежен профил, лавина, изработка на зимско засолниште и слично.

Стојановски вели дека планинарењето во зимски услови стана тренд во последно време, затоа и често има случаи на повредени лица во лавини. Поради тоа секој планинар е препорачливо да ги помине ваквите зимски школи.

Зимската школа ја организираа Планинарско спортскиот клуб Мак Петрол, ПК Јелак и планинарското друштво Козјак 2013.

Зоран Димовски

Лограње

X

Регистрација