– ММС
Вести Македонија

17-годишна девојка од Куманово загина во сообраќајна несреќа

Седумнаесет годишна девојка од Куманово загина во сообраќајна несреќа, а две други лица се тешко повредени, откако утринава околу 01:30 по полноќ возилото „Цитроен Ц5“ во кое се превезувале излетало од коловозот.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, до несреќата дошло кај крстосниците од локалните патишта за селата Миладиновци и Бујковци.

На местото на несреќата починала 17-годишната девојка која била сопатничка во возилото. Со тешки телесни повреди се здобил дваесетгодишниот возач Н.С. кој моментално се бори за живот на скопските клиники. Повредена е и 19-годишната Т.П. која има повреди во пределот на карлицата, но е надвор од животна опасност.

Повредените биле транспортирани со возила на Итната помош, а увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Неофицијално, тинејџерите биле на прослава на Старата Нова година во Скопје, а кои се причините кои довеле до несреќата засега не е познато. Станува збор за тројца тинејџери кои се деца на угледни кумановски бизнисмени.

Никола Ивановски

 

Лограње

X

Регистрација