– ММС
Вести Свет

Бункери на Садам Хусеин ги спасиле американските војници (ВИДЕО)

„CNN“ објави видео снимка која настанала по ракетниот напад од минатата недела на американската воена база во Ирак, која Иран ја изврши како одговор на атентатот на иранскиот генерал Касем Сулејман.

Видеото прикажува бетонски плочки расфрлани наоколу и неколку уништени станбени единици во кои престојувале американските сили.

Снимката исто така опфаќа неоштетени бункери од времето на Садам Хусеин, во кои американските војници се скриле за да го преживеат ракетниот напад.

Снимките се објавени откако „CNN“ во неделата цитираше непознати извори дека Американците сместени во ирачката воена база однапред знаеле дека објектот ќе биде нападнат од страна на Иран, што им помогнало да најдат скривалиште.

Изворите потврдија дека најголем дел од американските војници ја напуштиле базата или се скриле во бункерите, два часа пред Иран да почне да ги лансира ракетите.

Истовремено, извори велат дека, иако американските сили знаеле за нападот, не знаеле каква ќе биде природата на нападот.
Еден од изворите опиша дека фактот што нема жртви е чудо, бидејќи проектилите експлодирале само неколку метри од бункерот.

Лограње

X

Регистрација