– ММС
Вести Култура Свет

„Бели Оскари“ – деветнаесет од 20 номинирани, се белци

Деветнаесет од 20 актери кои се номинирани за Оскари годинава, се белци. Ова е највисоката бројка по негодувањата во 2015 и 2016 година, познати како „Белите Оскари“ (#OscarsSoWhite).

Единствениот исклучок годинава е британско – нигериската актерка Синтија Ериво.

Таа се прослави со Бродвеј преработката на „Виолетовата боја“, а сега е номинирана за нејзината улога во филмот „Хариет“.

Ериво има две номинации, една за најдобра актерка во главна улога и една во категоријата за најдобра оригинална песна, во истиот филм.

Номинациите за Оскар дојдоа една недела откако Британската филмска академија (Bafta) ја објави својата „целосно бела“ листа на номинирани.
Ериво го откажа својот закажан перформанс по објавувањето на листата на академијата.

Доколку Ериво добие Оскар, таа ќе стане втората црнкинка што победува во категорија за најдобра актерка, по Хали Бери во 2002 година.
Освен тоа, таа со 33 години ќе биде најмладата таканаречена „Егот“ – личност што добила Еми, Оскар и Тони награда, пишува „Лос Анџелес Тајмс“.

Лограње

X

Регистрација