ММС

Објавено на: 01/14/20 11:30 AM

„Мојот татко ми стана зет, мојот син ми е и вујко, а јас сам на себе си станав дедо“ – сложено српско семејство

На социјалните мрежи кружи урнебесен документ со кој маж во Србија во 2009 година барал ослободување од служење воен рок.

Во барањето доставено до воениот отсек во Сремска Митровица, човекот, покрај другото, наведува дека има 24 години и оти е оженет со 20 години постара вдовица, која има 25-годишна ќерка. Таа ќерка се омажила со неговиот татко, така што неговиот татко му станал зет зашто е оженил со ќерката на неговата сопруга.

Доколу сте помислиле дека ова е доволно комплицирано, се лажете. Прочитајте го продолжението на приказната за роднинските врски, која е налик на тие од латиноамериканските серии, пишуваат белградски „Новости“.

„Во јануари јас и мојата сопруга добивме син, станав татко. Тоа дете е шура на мојот татко, но во исто време е и мој вујко, бидејќи е брат на мојата маќеа, т.е. истовремено е мој син и мој вујко. Два месеца подоцна, жената на мојот татко доби син, кој е мој брат, бидејќи е син на мојот татко, но, во исто време, е и мој внук, бидејќи е син на женината ќерка. Значи, јас сум брат на мојот внук, а бидејќи мажот на некое лице истовремено е и нејзин татко – следува дека сум татко на ќерката на мојата жена, т.е. и брат на нејзиниот син. Значи јас самиот на себе си станав дедо“, образложува човекот во барањето.

На крајот, љубезно моли да биде ослободен од воена обврска, бидејќи во законот за војска – татко, син и внук не можат истовремено да служат воен рок.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.