– ММС
Вести Свет

Укината смртната пресуда на поранешниот пакистански претседател Мушараф

Високиот суд во Лахоре ја поништи смртната пресуда на поранешниот претседател на Пакистан, Первез Мушараф, поради неуставна правна постапка. Генералот Мушараф успеа да ја оспори уставноста на специјалниот суд кој го прогласи за виновен за велепредавство пред еден месец, јавуваат агенциите.

По пресудата на високиот суд, Мушараф сега еслободен човек, изјавил јавниот обвинител, кој ја претставувал владата во случајот.

Мушараф дошол на власт за време на воениот удар во 1999 година и ја извршувал функцијата претседател на земјата од 2001 до 2008 година. Сега живее во егзил во Дубаи, а го собори тогашниот премиер Наваз Шариф во воениот удар во 1999 година и стана истакната личност на светската сцена откако се приклучи на американската војна против тероризмот во Авганистан.

Тој го суспендираше уставот во 2007 година за да го „прочисти“ судството и да избегне правното оспорување на неговото владеење.

Лограње

X

Регистрација