– ММС
Вести Македонија Ракомет Спорт

5000 македонски навивачи денес поддршака за нашите ракометари во Виена!

Се зголемува бројот на нашите ракометни фанови во Виена, денеска од 16.00 часот во второто коло Македонија ќе игра против Чешка, со нов триумф ќе се обезбеди настапот во главната фаза на Европското првенство.

Се чувствуваше поддршката во првиот натпревар против Украина, а таа според најавите ќе биде уште поголема од трибините.

Се очекува околу 5.000 илјади македонски навивачи да ги бодрат избраниците на селекторот Данило Брестовац на патот кон бодовите во рамките од „Б“ групата.

И самите ракометари се свесни дека ќе играат како на „домашен терен“, па дефинитивно шансите за нова радост на континенталниот собир стануваат поголеми.

Се надеваме дека и најдобрите македонски ракометари ќе се надминат себеси и докажат барем на хартија зошто се „благи фаворити“ за првото место во Виена.

слободенпечат.мк

Лограње

X

Регистрација