ММС

Најдоброто и најлошото во 2019 и очекувањата во 2020 – беше темата во денешниот „Стадион“ на „Канал 77“

Новинари, политичари, лекари, актери, слушатели во денешниот „Стадион“ на радиото „Канал 77“ го дадоа своето мислење за најдоброто и најлошото во 2019 и ги кажаа своите очекувања во Новата 2020 година.

Освен многубројните слушатели, своите мислења, ставови и предвидувања ги дадоа новинарите Марјан Николовски, Љупчо Цветановски, Душица Мрѓа, Сашко Димевски, Сашо Орданоски, Билјана Секуловска, Бранко Ѓоргевски, Саше Ивановски, Александар Митовски, Марјан Стаменковски, потоа Костадин Костадинов од СДСМ, Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, лекарите Ангелко Андоновски и Наум Трпеноски, актерот Сашо Ристовски…

Како најлоши работи во 2019 година најчесто се споменуваа „Рекет“, СЈО и Катица Јанева, Боки 13, промената на името, недобивањето датум за ЕУ, судството… Меѓу најдобрите, пак, што ни’ се случија лани, според учесниците во емисијата, се НАТО, напредокот на македонската конематографија, европската титула на ракометарите на „Вардар“, говорот на Јане Веловски во ОН, автопатот Скопје – Штип… Најдобар медиумски наслов лани можеби бил „Ѓубриња запалија контејнер за ѓубре“, а најсмешен дијалогот на Заев со „Порошенко“…

Очекувањата, пак, главно се свртени кон мирни избори во април, добивање датум за ЕУ, повисок стандард и помало иселување, конечно пласман на Македонија на едно Европско првенство во фудбал, успех на ракометното ЕП кое штотуку започна…