ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/11/20 11:57 AM

Поради примање поткуп, уапсен директорот на Српски железници – Инфраструктура

Директорот на јавното претпријатие „Инфраструктура на Српски железници“ е уапсен поради примање поткуп, соопшти денеска на прес-конференција српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

 

Покрај директорот М.Ј., биле уапсени се уште тројца, од кои еден е член на Надзорниот одбор на претпријатието, а двајца се адвокати.

 

Министерот, како што пишуваат српски медиуми, соопштил дека директорот се сомничи оти во службените простории на претпријатието примил поткуп во износ од 10.000 евра од посредник, како награда за корупциски активности при постапка за експропријација на земјиште кое се наоѓа на планираната траса за изградба на брза пруга.

 

„Полицијата во моментот на апсењето кај осомничениот пронашла пари“, истакна Стефановиќ, додавајќи оти тие 10.000 евра веројатно биле само еден дел од митото.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7