Србите стравуваат од „македонско сценарио“: И бришењето на минатото услов за влегување на Србија во ЕУ?
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/11/20 9:54 AM

Србите стравуваат од „македонско сценарио“: И бришењето на минатото услов за влегување на Србија во ЕУ?

 

Србија стравува од можно „македонско сценарио“ на патот кон ЕУ. Односно, она што на Македонија и’ го прават Грција и Бугарија, таа нешто слично, од наш аспект секако во поблага форма, да почувствува од Хрватска, за што деновиве пишуваат српски медиуми.

„Ако сака да напредува во процесот на придружување кон ЕУ, Србија ќе мора да раскрсти со своето минато. Ова барање официјален Загреб го вгради во својата програма за претседавање со ЕУ, кое Хрватска на 10 јануари и формално го започна. Во тој документ, во делот што се однесува на проширувањето, помеѓу другото, се нагласува дека е важно почитувањето на човековите права и основните слободи, како и владеењето на правото, придонесот во регионалната соработка и развојот на добрососедски односи. Ова последното вклучува и надминување на наследството од минатото, вистинско помирување и решавање на отворените прашања. Загреб „на хартија“ се заложи за отворање преговори со Македонија и со Албанија и најави дека ќе го поттикнува и напредокот на Србија и на Црна Гора, но со целосно исполнување на поставените критериуми“, пишува „Новости“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7