– ММС
Вести Македонија Спорт

Македонија почна со победа на ЕП во ракомет: За малку од готово вересија, „петка“ за публиката

За малку од готово вересија. Македонската ракометна репрезентација во својот прв меч на Европското првенство синоќа во Виена во драматичен финиш ја совлада Украина со 26-25 (13-10), со гол на капитенот Кирил Лазаров на две секунди пред крајот на мечот. Нашите репрезентативци водеа во текот на целиот натпревар, а водството во првата половина на второто полувреме достигна и до пет гола разлика.

Но, потоа како да застанаа. Нападот, кој и пред тоа не беше на ниво, не функционираше, а и пред тоа добрата одбрана се раштима. Добро е што добро функционираше голманот Митревски. Украинците во самиот финиш дојдоа до израмнување, но Лазаров во последниот напад ни’ ја донесе победата. Ако сакаме пласман во вториот круг, ќе мора да се игра многу подобро на следните два натпревара против Чешка утре и против Австрија во вторник.

Лазаров беше најдобар стрелец на натпреварот со седум голови. Одличен меѓу стативите беше и Никола Митрески кој успеа да „собере“ вкупно 15 интервенции.
Остроушко со пет гола беше прв стрелец кај Украинците.

Чиста „петка“ заслужија македонските навивачи во салата во Виена, кој буквално беше обоена во црвено-жолта боја од веројатно две-три илјади наши навивачи кои допатуваа од разни места во Европа.

На другите натпревари вчера, во нашата Б група во одличен натпревар Австрија ја совлада Чешка со 32-29. Во Д групата Португалија приреди сензација совладувајќи ја Франција со 28-25, а Норвешка ја победи БиХ со 32-26. Во Ф-групата Словенија ја совлада Полска со 26-23, а Шведска ја декласира Швајцарија со 34-21.

Лограње

X

Регистрација