ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/10/20 4:38 PM

Две деца загинаа во пожар во Шуто Оризари – запалени четири куќи

Две деца, братче и сестричка на еднаипол и три години, загинале во пожар во населбата Шуто Оризари откако избувнал пожар во една куќа.

Пожарот за кратко се раширил и зафатил дел од околните куќи. Гореле четири од нив.

Според МВР, пожарот избувнал во куќа на улицата Брсјачка буна, по што се проширил на три други куќи. Куќата целосно изгорел, а на местото се упатени екипи за итна медицинска помош.

Неуспешни биле обидите на пожарникарите да ги извлечат од под урнатините и изгорениот материјал, бидејќи децата веќе биле починати а се претпоставува дека уште во моментот кога била повикана пожарната тие биле мртви.

Инаку се работело за импровизирана куќарка која се наоѓа на улицата „Брсјачка буна“ спроти спортското игралиште. Пријавен бил во 13.25 часот, а во околината имало уште неколку залепени куќарки на кои е спречено пожарот да се прошири. Интервенирале 15-мина пожарникари со неколку возила.

Неофицијално во куќата во која што избувнал пожарот имало четири малолетни деца.

Соседите успеале да спасат две, но за другите било предоцна.Местото на наесреќата го посети техничкиот премиер Оливер Спасовски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7