– ММС
Вести Македонија Спорт

 Синоќа одиграни првите четири меча на ЕП во ракомет: Македонија стартува вечерва

Со четири натпревари одиграни синоќа, почна 14. Европско првенство во ракомет што се игра во Австрија, Шведска и во Норвешка. На првиот ден беа одиграни по два натпревара од групите А и Ц.

Во Грац, во рамките од група А, Хрватска ја победи Црна Гора со 27:21, иако Црногорците го завршија прото поливреме со еден гол разлика во своја полза. Најефикасен на мечот беше Лука Циндриќ со 6 голови. Белорусија, пак, во истата група ја победи Србија со 35:30.

Во групата Ц во Тројндхајм европскиот првак Шпанија го совлада дебитантот Летонија со 33:22, а најефикасен кај Летонија беше вардарецот Криштопанс со 7 голови. Во вториот дуел од групата Германија ја совлада Холандија со 34:23.

Денеска се играат шест натпревари, меѓу кои и дуелот Македонија – Украина во Виена (20.30 часот).

Лограње

X

Регистрација