– ММС
Вести Видео Македонија

(видео)Дополнителната заменичка го демантира министерот Чулев дека полицајци се на платен список на криминалците

Новиот министер за внатрешни работи во техничката влада, Наќе Чулев во интервју за ТВ Алфа, тврди дека дел од раководниот менаџмент во МВР е директно инволвиран во криминалните групи, а лица од Криминалистичката полиција се на платен список на криминалците, кои издаваат информации за акции или апсење. Чулев пренесе гласини дека за одредена тарифа се држат кривични пријави во фиока.
Повеќе во видеото:


На овие тврдења реагираше дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.  На својот фејсбук профил, Петровска пишува дека целосна невистина се овие тврдења на Чулев.

„Иако ДПМНЕ најави нов лик, сепак никако да ги заборават старите навики. И понатаму продолжуваат со намерното ширење лаги дека во МВР не постои компаративна статистика за состојбата со криминалитетот во периодот додека на чело на МВР беше Оливер Спасовски. Напротив, вистината е не само дека постои анализа туку таа покажува извонредни резултати споредено со периодите претходно кога министерството беше управувано од ДПМНЕ. Намален е криминалитетот, разбојништвата, убиствата, жртвите од сообраќајни незгоди и тн. Овие резултати беа презентирани минатата недела на брифинг со новинарите на кој беа присутни над 30 претставници на медиумите“, пишува Петровска.

Таа додава дека уште поконкретен податок за работењето на МВР под раководство на Спасовски е анкетата на ОБСЕ за довербата на граѓаните во полицијата, која, вели, јасно покажува дека довербата во полицијата расте односно дека граѓаните сметаат дека полицијата работи добро и дека се минато времињата кога со МВР раководеше ДПМНЕ, а довербата беше сведена на мизерни бројки токму поради партиската злоупотреба на полицијата.

„Како човек од безбедносно-разузнавачката заедница Чулев треба да ги знае законите во Република Северна Македонија и да е свесен дека сомневањата за евентуална поврзаност со криминални структури се пријавуваат во Јавното обвинителство, а не во интервјуа. Зарем ова е долгонајавуваниот професионализам на ДПМНЕ, прашува дополнителената министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

Петровска беше шеф на кабинетот на Оливер Спасовски кога беше министер за внатрешни работи.

Лограње

X

Регистрација