Словенечки медиуми: Заев поднесе оставка за да отвори пат за формирање техничка влада
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/3/20 4:59 PM

Словенечки медиуми: Заев поднесе оставка за да отвори пат за формирање техничка влада

Поголемите медиуми во Словенија попладнево објавија дека премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев се повлече од позицијата претседател на Влада, за да му отстапи место на техничкиот премиер Оливер Спасовски, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Државната РТВ Словенија во текстот со наслов „Заев се повлече и отвори пат за техничка влада” информира дека единствената причина за оставката на Заев е да се формира техничка влада, што е главен предуслов за одржување на предвремените парламентарни избори, закажани за 12 април. РТВ Словенија во извештајот објаснува дека изборите во Северна Македонија доаѓаат по не добивањето датум за преговори на последниот состанок на лидерите на земјите членки на ЕУ во Брисел.

Приватната ПОП ТВ, пак, во текст со наслов „Премиерот на Северна Македонија поднесе оставка пред предвремените избори”, пишува дека Зоран Заев утрово испрати писмо со својата оставка, како дел од планот за формирање техничка влада и организирање на парламентарните избори. Телевизијата информира дека македонскиот претседател Стево Пендаровски мандатот за формирање техничка влада, според договорот, му го даде на Оливер Спасовски.

Дневниот весник „Дневник” во своето интернет издание, пишува за повлекувањето на Заев со објаснување дека Парламентот во Скопје до полноќ ќе треба да ја потврди техничката влада. Веста ја пренесоа и повеќе информативни портали.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7