ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 01/3/20 10:57 AM

Американски политичар предупредувал за возење во пијана состојба, уапсен пијан веднаш потоа

Американски политичар напишал колумна за локален весник предупредувајќи ги луѓето да не пијат кога возат, а една недела потоа бил уапсен за возење во пијана состојба.

Брајан Колб, републиканец од собранието на Њујорк, предизвикал сообраќајка на новогодишната ноќ, возејќи под влијание на алкохол, изјавија од полицијата.

Една недела предходно тој напишал дека „трагедијата може да биде само една одлука од вас“ и дека „нема оправдување за возењето под влијание на алкохол“.

Колб (67) по притварањето изјавил дека му е многу жал за тоа што се случило.

„Ова беше ужасна грешка, сето она за кое се залагав, јас лично го уништив и преземам одговорност за тоа“, рекол тој.

„Нема оправдување ни изговор за тоа што се случи таа ноќ. Јас донесов погрешна одлука и длабоко жалам поради тоа“, изјави Колб.

Шерифот на областа Онтарио, Кевин Хендерсон, изјави дека Колб ја возел својата службена кола и паднал во канал во малото градче Виктор, близу Рочестер.

Некои од неговите сопартијци републиканци, од него побараа оставка поради случката.

Колб колумната ја напишал на 24 декември, како одбележување на денот за национална превенција на возењето под влијание.
Во колумната тој барал од луѓето да се возат со такси или да користат јавен транспорт доколку пиеле алкохол, наместо да се обидуваат да возат.

„Возењето во алкохолизирана состојба не само што е опасно за возачот, туку е опасно и за другите возила, патници и пешаци. Со само малку размислување пред качување во автомобилот можете да спречите многу ситуации за кои подоцна ќе се каете“, напишал тој.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1