Стерјовски се сретна со градоначалникот на Булќиза - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/31/19 12:57 PM

Стерјовски се сретна со градоначалникот на Булќиза

Во рамки на напорите за подобрување на состојбата на Македонците раководството на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција продолжува со средбите со градоначалниците на општините каде што територијално припаѓаат областите населени со Македонци.

 

Лидерот на партијата и пратеник во албанскиот Парламент Васил Стерјовски заедно со партискиот потпреседателот Едмонд Османи, генералниот секретар Таќо Гроздани и членот на Извршниот комитет, Бесник Хасани остварија средба со градоначалникот на Булќиза Лефтер Ала.

 

– На средбата разговаравме за состојбата на Македонците во областа Голо Брдо која што административно потпаѓа под општина Булќиза. Од градоначалникот Лефтер Ала побаравме општината да инвестира во областа Голо Брдо за подобрување на условите за живот на Македонците во оваа област.Од негова страна ни беше речено дека со буџетот на општината во 2020 година предвдени се неколку проекти за подобрување на патната инфраструктура, изјави Стерјовски.

 

Посочи дека од градоначалникот Ала побарано било вклучување на Македонците од областа Голо Брдо во администрацијата на општина Булќиза, како и искористување на европските фондови за погранична соработка со Македонија.

 

Стерјовски и соработниците во селото Требиште оствариле средба и со претставници на селата од оваа област, на која присуствувал и Или Халилај, претседател на огранокот на македонското друштво „Илинден” за Голо Брдо, на која биле изнесени проблемите со кои се соочуваат.

 

Од името на партијата тој упатил честитка по повод Новата 2020 година, со желби за добро здравје, среќа и благосостојба.

 

Областа Голо Брдо, која се протега долж албанско – македонската граница кај Дебар, ја сочинуваат 22 села.

 

Неодамна Стерјовски заедно со потпретседателот на МАЕИ за Гора, Сокол Докле, остварија средба со градоначалникот на Кукс,Сафет Ѓици. Областа Гора, која административно припаѓа под Општина Кукс, ја соочинуваат девет села населени со припадници на македонското малцинство.

 

Деновиве, Стерјовски, со членовите на Извршниот комитет на партијата, Елена Зоркала и Јован Фило имаа средба со градоначалнкот на Девол, Едуарт Дуро, општина каде административно припаѓаат селото Врбник и градот Билишта, населени со Македонци.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7