ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/31/19 7:44 AM

Канада: Поради снежно невреме, откажани над 170 летови

Поради силното снежно невреме, голем број летови вчера беа откажани на поголемите аеродроми во источниот дел на Канада. Вкупно се откажани повеќе од 170 поаѓања и пристигнувања на аеродромите во Монтреал, Торонто, Квебек во Отава, јавуваат агенциите.

„Ги повикуваме жителите на Онтарио и Квебек погодени од денешното невреме : останете безбедни и почитувајте ги инструкциите на локалните власти“, предупреди канадскиот премиер Џастин Трудо.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7