ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/30/19 11:17 AM

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер осуден на шест години затвор

По 14-месечно судење во загрепскиот Жупаниски суд, денеска е објавена нова nеправосилна пресуда за поранешниот хрватски премиер и претседател на ХДЗ, Иво Санадер, и за недостапниот на хрватското правосудство челник на унгарскиот МОЛ, Золта Хернади, поради давање, односно примање мито во аферата „Ина-МОЛ“.

Иво Санадер го сторил кривичното дело примање мито, а Хернади давање мито, за што Судот го осуди Санадер на шест, а Хернади на две години затвор.

„Иво Санадер со Хернади договорил дека за износ од десет милиони евра ќе договори Хрватска на МОЛ да му го препушти одлучувачкиот глас во управувањето со ’Ина’. Користејќи ја својата положба и авторитет на премиер, прикажал дека е потребно издвојување на плинското работење од „Ина“ и менување на меѓуакционерскиот договор. На седница на Владата, побарал да се прифати извештајот со кој на МОЛ му се препушта управувањето со ’Ина’ и тоа Владата го прифатила“, рекол судијата образложувајќи ја пресудата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1