ММС

Канал 77 со „Преспав“: Протекционизам за македонски серии на телевизија

Дел од екипата на популарната македонска серија „Преспав“, која се емитува во својата четврта сезона, предновогодишно гостуваше во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

„Преспав“ е македонскиот ситком, или театар на ситуации, кој од неодамна започна да се емитува и пред шестмилионската публика на Бугарија, желен да ги покаже македонското богатство во дијалекти и дека културата е многу понапред од политичарите, кои прикажуваат дека живеат надвор од реалноста. При тоа, открија дека епизодите со политика не поминуваат кај публиката, а ангажирањето на актери од регонот ќе продолжи. Сашо Кокаланов, кој е еден од сценаристите, откри дека планираат снимање на „Преспав“ со публика.

-Тој жанр ни се доближи во нашата културата со повеќе странски ситкоми, кои беа многу гледани, по што се обидовме да направиме ситком, што е театар на ситуации. И за нас е процес на учење за сите. Ситкомот си е посебен жанр, ситком е театар пред камери. Една од иедеите ни е да го изиграме „Преспав“ пред публика, да му направиме омаж на ситкомот, рече Кокаланов.

Според Кокаланов, не можеме да се споредуваме со Велика Британија во делот на тоа што значи индустрија, заработка, државна помош.

-Таму функционира независен пазар, без помош на државата, иако се дошло до заклучок дека не може независната сцена да опстои беа помош на државата. Не може уметноста да опстои без субвенција. Македонските издавачи не се толку моќни преку продажба да финансираат и издаваат нови книги. Тие субвенции се неоходни. За филмот се вели – филмска уметност, а за телевизијата  –  тв индустрија. Ако во телевизиите се освестат дека ова е индустрија, може да се опстои и се продаде производот, смета Кокаланов.

Во повеќегодишниот наплив на телевииски серии кои главно доаѓаат од Турција, слушател кој се вклучи во емисијата, го кажа мислењето дека треба да има протекционизам за македонските серии. Продуцентот Пеце Талески рече дека тоа зависи дали некој проект како „Преспав“ ќе ја освои публиката, а дека пазарот покажува дали може да помине пред публиката дома и надвор.

– „Преспав“ тргнува да се емитува во Бугарија Тоа значи македонскиот збор оди пред шест милиони бугарска публика. Прв пат макеоднска култура извезовме надвор, што е афирмација на македонската култура и јазик, одговри Телевски.

Тој забележа дека нашето општество покажа дека е зрело и отворено, за разлика со реалноста која ни ја сервира политичката елита. Го кажа приемот со ангажирањето на бугарската актерка Јана Маринова, која го игра ликот на Преслава во ситкомот.

– Ние мислевме дека ни треба да донесеме актери кои ќе донесеме свежина. Случајно ја видов Јана и со Сашо Кокаланов се разбравме веднаш како би требало да биде. Успевме двајца балкански сценаристи, Алек Попов (автор на книгата „Мисија Лондон) и Делајна Манева (филм „Мисија Лондон“) да пишуваат сценаристи за „Преспав“. Цел тим треба да е свесен дека ние создаваме историја. Политичките елити треба да сфатат дека живеат надвор од реалноста. „Преспав“, како врвна популарна култура покажа дека нашето општество е зрело и е многу понапред од реалноста што политичките елити нам ни ја сервираат. Па и оваа идиотска приказна со јазикот. Да ја парафразирам Марина Цветаева: „Не е битно на кој јазик не се разбиравме“. Така што, „Преспав“ го покажа тоа  многу елегантно. Оди во прајм тајм во Бугарија  со субтитл, жално е за Балканите дека сме толку малку, а не знаеме да се поврзуваме. Страшна е нашата затвореност кон култура, смета Талески.

Актерот Владиир Тулиев, потсети дека во филмот „Лазар“ играше еден голем бугарски актер Александар Санов од серијата „Прикритие“.

– Македонија е комплетно отворена не само за актери, туку и за логистика, рече Тулиев, кој како штипјанец во серијата игра лик, кој зборува со ресенски дијалект. Токму дијалектите се приказ на Македонија, заклучи екипата на ситкомот.

Неколку интересни факти се ситкомот беа изнесени во „Стадион“ на Канал 77. На пример, епизодата за настаните слични на актуелниот судско – политички скандал „Рекет“, е работена во април, пред да настане вистинкиот „Рекет“ а на некој начин ги предвидува настаните. Најлошо поминуваат епизоди со политичка содржина. „Преспав“ им го промени кариерите и животите на дел од актерите. Дритон Вејсели, кој го игра Талат, добил вработување во Театар Комедија, додека Игор Џамбазов откри дека поради ликот, веќе две години не ставил капка алкохол во себе.

Џамбазов веќе трета сеозна е Миле Бузалески.

-Со Миле сме се нашле одамна. Само што сега  се запознаваме. Со Миле Бузалески имавме прилика лично да се запознаеме.Бузалески е виновен, што еве за три дена, како две години како немам ставено капка алкохол во себе. Ние актерите некогаш знаеме некогаш да научиме и низ негативните ликови што ги толкуваме. Убаво е да се види дека некој те следи, те препознава на улица, те довикува на улица според ликот кој го толкуваш, не ми се случило одамнакажа Џамбазов.

На продуцентот Телевски му предложи да објави албум со сликички со ликовите од „Преспав“, а кој прв ќе го собере ќе учествува во снимањето.

„Преспав“ зад себе има 121 епизода со учество на над 200 луѓе.

Погледнето го видеото од Стадион