ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/25/19 11:09 AM

Штипскиот бизнисмен Зоранчо Митровски- Чиле и адвокатот Сашко Бошков меѓу сведоците во „Рекет“

Адвокатот Сашко Бошков, кој е и доскорашен неизвршниот член на Одоборот на директори на штипски „Бетон“ во стечај е првиот од тројца сведоци предложени од обвинителство, кој сведочеше денеска на судењето за случајот Рекет.
Покрај Бошков, како сведоци ќе се појават и бизнисмените Зоранчо Митровски и Томе Главчев, двајацата осомничени во случајот „Поштенска банка“. Митровски пријавил во Обвинителството за што има и записник, дека е еден од бизнисмените,кој бил рекетиран. Митровски, кој е почесен конзул на Латвија, пред Обвинителството изјавил дека преку нерезидентниот амбасадор на земјата го информирал министерот Никола Димитров дека бил рекетиран од групата на Бојан Јовановски (Боки 13), Зоран Милески Кичевец и Катица Јанева.Во записникот, бизнисменот тврди дека откако бил рекетиран, тој пријавил кај амбасадорот на земјата во која е почесен конзул, а амбасадорот го информирал Димитров.
Судењето за Рекет продолжува по две недели пауза, период кој обвинителството го користеше за распит на осомничените за Рекет 2, односно измамите правени преку невладината Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски.
Во случајот Рекет обвинети се екс шефицата на СЈО, Катица Јанева и Бојан Јовановски – Боки 13.
Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева за „злоупотреба на службена положба и овластување“ како и „примање награда за противзаконито влијание“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1