– ММС
Вести Македонија

Роднините на загинатите кај Ласкарци бараат да се суди за убиство

Роднините на жртвите од автобуската несреќа „Дуром Турс“ кај Ласкарца бараат на сите 6 обвинети да им се суди за убиство, а не за предизвикување на сообраќајна незгода со тешки последици. Според нивните адвокати, барањето е доставено до Јавното обвинителство и Судскиот совет за преквалификација на случајот, но сè уште не добиле одговор од истражните и правосудните органи. Членовите на семејството изразија огорченост дури и на денешното рочиште. Таткото на Бобан кој загина во несреќата, вели дека осомничените треба да бидат казнети како криминална банда која одзела животи.Професорот на Машинскиот факултет, Милан Крстевски, сведочеше дека при вештачењето откриле дека автобусот воопшто не запрел. Автобусот се движел до 99 километри на час, а тахографот покажувал брзина од 85 км на час. Во својство на техничкиот експерт, Крстевски рече дека не може да каже дали возачот ја притиснал педалата на сопирачката или не.
“Автобусот воопшто не запирал затоа што гумите не оставиле никакви траги на асфалтот. Единствените знаци на двете ленти од автопатот се од маслото од хидрауликот и пластиките што се влечеле од автобусот. Дека системот за сопирање ‘ABS’ не е активиран, докажува и автоматскиот тахометар.”

Автобусот кој се движеше од Скопје за Гостивар падна во бездна на 13 февруари, при што загинаа 16 лица, а 37 беа повредени. Обвинети се сопственикот на Дурмо Турс, Дурмиш Белули, шефот на компанијата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноил Трифуновски. Тие се товарат за кривично дело „Сериозни престапи против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, додека тројцата вработени во станицата за техничка контрола, се товарат за соучесништво при извршување на делото. Од 28 ноември, сопственикот Белули се брани од слобода откако Апелациониот суд го ослободи со кауција од 2 милиони евра. Следното рочиште зкажано за 8 јануари 2020 година.

(Алсат)

Лограње

X

Регистрација