ММС

Објавено на: 12/23/19 11:35 AM

Судир на два крузера со повеќе од 5.000 патници во Карипското Море – шестмина повредени

Два туристички крузера се судрија во пристаниште на мексиканскиот остров Козумел во Карипското Море, а инцидентот, за среќа, поминал без посериозни последици.

„Карнивалска легенда“ ударила во „Карнивалска слава“. Шестмина патници се полесно повредени, а ниеден од бродовите немал посериозни оштетувања.

На двата океански џина во моментот на несреќата имало повеќе од 5.000 патници и 2.000 членови на екипажите, а сударот се случил кога повеќето од патниците појадувале.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1