ММС

Објавено на: 12/22/19 12:36 PM

Повредени двајца полицајци во трка со нелегален превезувач на мигранти

На 21.12.2019 околу 04.50 часот, пред патарина Отовица – Велес, во координирана акција било сопрено патничко моторно возило „фолксваген фејтон“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С. (24) од с.Студеничани, скопско, во кое биле превезувани 10 лица мигранти од Авганистан. При застанување на возилото дошло до судир со полициското возило „ландровер“, при што со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници и двајца мигранти, кои биле префрлени во Општа болница Велес. Околу 06.00 часот, на локалниот пат за с.Отовица, биле лишени од слобода Б.И.(19), кој управувал патничко возило „сеат“, со скопски регистарски ознаки, и сопатниците Б.В.(28) и А.И.(23), сите од Скопје, поради сомнение за поврзаност со настанот, по што биле приведени во Полициската станица Велес за понатамошна постапка. За случајот е известен Јавен обвинител, а по комплетно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Пронајдените мигранти се префрлени во Прифатно- транзитниот центар „Винојуг“, Гевгелија.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1