ММС

АМСМ: Во прекин сообраќајот на автопатот Велес-Скопје

 Сообраќајот на автопатот Велес – Скопје од штипската клучка до н.с. Отовица е во прекин поради сообраќајна незгода.

Сообраќајот, како што информира утрово АМСМ, се пренасочува по стариот пат кај Велешко езеро до н.с. Отовица.

Поради случена сообраќајна незгода на патот Струмица – Радовиш, сообраќајот се пренасочува по стариот пат во должина од 1 км односно од Сулдурци до Калуѓерица.

Од АМСМ информираат и дека пооради појава на магла се бележи намалена видливост на патните правци Тетово – Скопје до 100 метри, Тетово – село Гајре од 20 до 30 метри, Куманово – Св.Николе до 100 метри и Кичево – Охрид од 50 до 100 метри.