Автомобил удрил во коњ на магистралата Гостивар-Кичево
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/20/19 12:52 PM

Автомобил удрил во коњ на магистралата Гостивар-Кичево

Во несекојдневна сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево едно лице е повредено и бил усмртен еден коњ.

Според СВР Тетово, вчера околу 19 часот и 20 минути, на делницата од наплатната станица Гостивар до Здуњска крстосница, патничко возило „ауди А6″ со австриски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(44) од гостиварско Беловиште, удрило коњ кој неконтролирано и без надзор се движел по коловозот.

Од ударот, коњот бил усмртен на самото место, а взачот Ј.В. со друго возило пренесен е во гостиварската болница за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7