– ММС
Вести Македонија

СДСМ: Судски е потврдено дека Николоски ширел лажни вести и тоа продолжува да го прави и денес

Судски е потврдено дека Николоски ширел лажни вести и тоа продолжува да го прави и денес директно од Центарот за лаги – белиот дворец, се наведува во реакцијата на СДСМ на прес конференција на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска од центарот за лаги во белиот дворец, Алекдандар Николоски продолжува да шири лажни вести и да се промовира како жртва иако и судски е потврдено дека свесно лажел.

Апелацискиот суд во Скопје ја одби жалбата на Николоски за случајот во кој тој беше обвинет за клевета на Вице Заев.

Со тоа, Апелација ја потврди пресудата на понискиот суд со која е утврденa граѓанска одговорност од Николоски дека сторил клевета на јавен телевизиски настап.

И институционално е потврдено дека ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот извор на лажни вести.

Осудениот клеветник Николоски денеска се обиде да најде алиби за оправданата тужба за клевета што ја изрекол кон претседателот Зоран Заев. Николоски кој упорно лаже, најмногу се плаши од вистината, затоа е оваа негова панична реакција денеска.

Николоски е свесен дека низ отворена, легитимна и транспарентна судска постапка, уште еднаш ќе се докаже дека направил клевета и затоа измислува нови лаги со кои ја лаже јавноста, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Лограње

X

Регистрација