Ова е недоразбирање: По апсењето на Силвија, се огласи ќерка ѝ Јана
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/19/19 7:20 PM

Ова е недоразбирање: По апсењето на Силвија, се огласи ќерка ѝ Јана

Актерката Јана Стојановска вели дека се работи за недоразбирање, откако нејзината мајка, познатата актерка Силвија Стојановска е приведена поради наводен шверц на кокаин.

„Не е ништо страшно. Мислам дека се работи за недоразбирање. Не знам со кој памет медиумите објавуваат. Чекам да ја пуштат мајка ми, па да ми каже што се случило“, изјави за Женски магазин Јана од Букурешт, каде што живее изминативе месеци со сопругот, кошаркарот Андрија Бојиќ и синот Ненад кој има три ипол месеци.

Целиот текст на Женски магазин, овде.

Судијата на претходна постапка, Ненад Савески, доцна вечерва ѝ определи 30 дневен куќен притвор на актерката, за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Веднаш по излегувањето од Кривичен актерката nовинарите ја прашуваа дали е точно дека е осомничена за трговија со дрога, а наместо одговор таа искоментира “Боже, боже”.

Актерката не даде одговор ниту на прашањето дали е уапсена на граница и дали знаела дека Обвинителството води истрага за неа.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7