ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/17/19 11:46 AM

Донесена одлука за формирање на Советот за координација на безбедносно-раузнавачката заедница

Одлука за формирање на Совет за координација на безбедносно – разузнавачката заедница донесе Владата на 171. седница, што се одржа вчера во Куманово.

Во состав на Советот се премиерот Зоран Заев,  заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Садула Дураки, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска  Јанковска, министерот за надворешни работи Никола Димитров, директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски, директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу и раководител на надлежната организациска единица за воена безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана, Горан Василевски.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1