ММС

Објавено на: 12/17/19 9:27 AM

САД: Сенатот одобри рекорден воен буџет – 738 милијарди долари

Сенатот на американскиот Конгрес со големо мнозинство го одобри предлог- буџетот за одбрана од 738 милијарди американски долари, што треба да биде финализиран денескаа  ќе стапи на сила по потпишувањето од претседателот Трамп.

Горниот дом на Конгресот, во кој републиканците имаат мнозинство, гласаа – 76 „за“ и шест „против“.

Претставничкиот дом, во кој демократите имаат мнозинство, го усвои законот со 377 гласови „за“ и 48 „против“.

Буџетот опфаќа широк спектар расходи Од финансирање на платите до бродови и авиони што треба да се произведат, модернизираат или повлечат.

Оваа година, буџетот опфати и создавање вселенски сили, воен приоритет за претседателот Трамп.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.