ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/16/19 11:43 AM

Барак Обама: Жените се неспорно подобри од мажите

Жените не се совршени, но се неоспорно подобри од мажите и светот би бил многу подобро место кога тие би ги воделе сите земји, рече поранешниот американски претседател, Барак Обама.

Тој во Сингапур, на приватен настан за лидерство, рече дека најголем дел од проблемите во светот потекнуваат од старите луѓе, главно мажи, кои ги држат позициите на моќ. Доколку жените би го воделе светот, би дошло до општо подобрување на животниот стандард.

Обама рече дека додека бил во Белата куќа размислувал за тоа како би изгледал светот кога би бил воден од жени, пренесува „BBC“.
„Жени, сакам да знаете дека не сте совршени, но прилично е неспорен фактот дека сте подобри од нас. Јас сум апсолутно сигурен дека доколку жени ги водат државите, за само две години ќе има значително подобрување во секој аспект“, рече Обама.

На прашањето дали размислува за враќање на политчкиот врв, тој одговори дека верува во лидери кои се повлекуваат на време.
„За политичките лидери е важно да се потсетат дека се тука да вршат работа, ама не и доживотно. Не треба да го поткрепат своето чувство на важност на сопствената моќ“, рече Обама.

Обама беше претседател на САД од 2009 до 2017 година.
По напуштањето на Белата Куќа, тој и неговата сопруга, Мишел Обама, отворија фондација за менторство на млади лидери низ светот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1