ММС

Објавено на: 12/13/19 7:54 AM

Божикен концерт на хрватската машка клапа „Подворје“ во Битола

Хрватскиот машки вокален состав Подворје од Каштел Суќурац, вечер во Битола ќе одржи Божикен концерт.

Домаќини и организатори на културниот настан се македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ” во соработка со НУ Центар за култура-Битола.

–Продолжуваме со традиционално одбележување на Божиќ и со гостување на ансамбли и групи од градови од Хрватска или места на Балканот, каде дејствуваат хрватски здруженија. Културните гостувања и соработки траат долги години, а се со цел презентирање и запознавање на македонската јавност со богатата хрватска култура и традиција, информираа од КЦ „Марко Марулиќ” во пресрет на вечерашниот божиќно-новогодишен концерт во Битола.

Во текот на своето 25 годишно постоење, културниот центар „Марко Марулиќ” организирал бројни гостувања на хрватски здруженија, ансамбли и уметници во Битола, но и настапи на македонски театри, уметници, ансамбли во Хрватска.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.