– ММС
Вести Македонија

Во Тетово беше презентиран изготвениот проект за управување со отпад во полошкиот регион

Во Тетово беше презентиран изготвениот проект за управување со отпад во полошкиот регион, што е прва фаза односно чекор кон уредување на регионалната депонија Русино каде сите општини од полог ќе треба да го депонираат отпадот.


Оваа прва фаза, односно изработката на проектот беше презентиран пред тетовци. Тој во себе вклучува уредување на Русино, но и изградба на пат, транспорттни станици во полог за собирање на отпад и слично. Реализацијата на проектот најверојатно ќе се случи во 2021 година.

Русино ако се уреди според предвидениот проект нема да влијае негативно врз животната средина.

Отпадот откако ќе биде имплементирана и втората фаза од проектот ќе го третира заедничко јавно комунално претпријатие, формирано од сите девет општини од полошкиот регион.

Зоран Димовски

Лограње

X

Регистрација