Зачестени кражби по штипските улици ,Полицијата денес приведе двајца разбојници
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/11/19 3:57 PM

Зачестени кражби по штипските улици ,Полицијата денес приведе двајца разбојници

Полициски службеници од СВР Штип по преземени мерки и активности привеле две лица ,кои физички нападнале и ограбиле четириесет и шест годишен штипјанец. Од слобода биле лишени   Е.А. и М.Д.  двајцата од Штип.

Имено, на 10.12.2019 околу 14.15 часот на ул.„Радански Пат“ во Штип, Е.А. и М.Д. физички го нападнале Е.С., при што му одзеле пари и мобилни телефони .

По документирање на случајот против строителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Инаку за само петнаесет дена ова е четврт случај на ограбување на улица, на мета се главно повозрасни лица.

На 03.12.2019  во 11.02 часот во  СВР Штип, било пријавено дека на ул.„Енгелсова“ во близина на бензинска пумпа во Штип, непознат сторител  физички нападнал 79 годишна жена, при што и ја одзел ташната.

На 28.11.2019 година 10.45 часот во СВР Штип, М.А.(78) од Штип пријавила дека околу 10.00 часот на ул.„Христијан Карпош“  во Штип, едно лице со употреба на сила и одзело паричник.

На 27.11.2019 во 19.25 часот во СВР Штип, К.П.(71) од Штип пријавила дека околу 19.00 часот додека се движела по ул.„Пиринска“ во Штип била физички нападната од две непознати лица кои од вратот и го одзеле златното ланче. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7