ММС

Објавено на: 12/11/19 10:03 AM

Никнува нова држава: Бугенвил изгласа независност од Папуа Нова Гвинеја

Жителите на јужниот пацифички регион Бугенвил изгласаа на референдум отцепување од Папуа Нова Гвинеја. На референдумот изглегле 181.000 луѓе или 85 отсто од избирачкото тело, од кои 98 отсто гласале за самостојност. Единствената друга опција била поголема автономија во рамките на Папуа Нова Гвинеја. Сепак, последниот збор треба да го има парламентот на Папуа Нова Гвинеја, па процесот на стекнување независност може да трае и со години, пренесува АП.

Референдумот е клучен дел од мировната спогодба од 2001 година, со која беше завршена граѓанската војна во која загинаа најмалку 15.000 луѓе на островската група источно од Папуа Нова Гвинеја.

Насилството во Бугенвил почна кон крајот на 1980-тите поради огромен рудник за бакар, кој беше голем извор на заработка на Папуа Нова Гвинеја, а Бугенвилците сметаа дака од него немаат никаква полза, туку само им го нарушува нивниот традиционален начин на живот.

Поради судирите, рудникот беше затворен. Некои сметаат дека ако Бугенвил стане независен, рудникот би можел да проработи и да и’ обезбеди солидни приходи на новата држава.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1