ММС

Нов Зеланд: Експлозивна ерупција на вулкан, има загинати

Потврдено дека досега е евидентирано едно загинато лице по експлозивната ерупција на вулкнот Ваакари на новозеландски остров, на кој имало туристи кога почнала ерупцијата. Почната е акција за спасување, а се смета дека во мометот на експлозијата на островот имало педесетина луѓе.

„Во овој момент е премногу опасно и за полицијата и за екипите спасувачи да му пријдат на островот, кој во моментот е покриен со пепел и вулкански материјал“, рекол шефот на локалната полиција Џон Тимс, потврдувајќи ја смртта на едно лице.

Вулканот еруприрал во 2 часот попладне по локално време исфрлувајќи пепел и чад во височина од четири километри. Според поледните информации, дел од погодените луѓе, кои главно биле туристи, се евакуирани, а по дел се трага.