ММС

Објавено на: 12/7/19 8:24 AM

Македонец уапсен за серија тешки кражби во Бања Лука: Апостол признава се’, само да го пуштат

Полицијата во Бања Лука го уапсила македонскиот ржавјанин Апостол Б., кој е осомничен за серија тешки кражби на бањалучкото подрачје, пишува „Српскаинфо“.

Апостол се товари дека извршил повеќе провални кражби во станови во Бања Лука. При апсењето, кај него бил пронајден софистициран алат.

Македонецот се согласил на соработка со полицијата само да го пуштат. Полициски извор рекол дека е во тек криминалистичка обработка и оти полицијата и осомничениот веќе „усогласиле“ повеќе нерасчистени кривични дела во последниот период.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.