Во Гостивар, на 6 декември ќе биде промовирана новата стихозбирка на поетесата Љупка Антеска, под наслов „Отвори ги очите“
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 12/5/19 3:43 PM

Во Гостивар, на 6 декември ќе биде промовирана новата стихозбирка на поетесата Љупка Антеска, под наслов „Отвори ги очите“

Во Гостивар, на 6 декември ќе биде промовирана новата стихозбирка на поетесата Љупка Антеска, под наслов „Отвори ги очите”. Настанот ќе се одржи во Центарот за млади и заедницата, со почеток во 18.30 часот.


Како промотори на книгата најавени се  Снежена Стојчевска и Цветанка Колева, додека стихови од збирката ќе чита Катерина Гогова.

Во освртот за книгата академик Катица Ќулавкова, македонски критичар, есеист, поет, раскажувач, меѓу другото пишува: „Песните од третава збирка на Љупка Антеска се одликуваат со читливост која укажува на тоа дека нејзината поезија не е херметична и затворена со непробојни јазични и семантички ѕидини, туку отворена за разбирање, комуникативна, дијалогична, актуелна, интересна. Во песните од „Отвори ги очите“, всушност, имаме ненаметлива, не претерано интимна и непатетична исповедност, токму онолку колку што може да поднесе една песна за да биде и да опстане како уметничка творба, а не како личен дневнички запис.”.

Љупка Антеска живее и работи во Гостивар, како новинар. Претходно ги има издадено стихозбирките: „Денодение”  и „Лек за времето”.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7