ММС

Објавено на: 12/5/19 8:14 AM

Анти коцкање: Наместо донесување закон за игри на среќа, во државата се отвараат нови кладилници и казина

Наместо донесување закон за игри на среќа, во држвата помпезно се отвораат нови кладилници и казина, реагираат од движењето Анти коцкање.

Оттаму велат дека на ваквите помпезни отворања на казината присуствуваат високи партиски личности давајќи им подршка на објектите каде се приредуваат игри на среќа.

И додека се отвораат  масовно казината, властите постојано го одложуваат процесот за донесуавње на законот за игри на среќа.

Инаку од Здружението Анти Коцкање предлагаат сите казина односно објекти каде се произведуваат игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 5 километри од населените места. 

Зоран Димовски 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.